Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2013

Флуминенсе го смени Лушембурго

Вандерлеј Лушембурго веќе не е тренер на фудбалерите на Флуминенсе. Само по три месеци во клубот, на 61-годишниот стручњак му врачија отказ.

Лушембурго на крајот на јули го наследи Абел Брага и во 26 натпревари на клупата оствари само седум победи. Бранителот на титулата нема победа во бразилското првенство во последните девет натпревари , а неделниот пораз од 1-0 од Коринтијанс им беше трет последователен.
На пет кола пред крајот на сезоната, Флуминенсе се наоѓа дури на 18-тото место на табелата на бразилската Серија А со 36 бодови. Таа позиција го води во втората лига, но од сигурната зона и од 16-пласираниот Васко де Гама го дели само еден бод.
Кој ќе го наследи поранешниот тренер на Реал Мадрид на клупата на Флуминенсе засега не е познато.

Најнови вести