Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2013

Бразилецот Валас од Челзи отиде на заем во Интер

Во јануари оваа година Челзи од Лондон во своите редови го доведе младиот Бразилец, 19-годишниот одбранбен фудбалер Валас, кој дотогаш беше член на Флуминенсе, актуелниот шампион на бразилската Серија А.

Валас не одигра ниту минута во англиската Премиер лига, а нема ниту сезоната која почнува овој викенд бидејќи вчера и официјално отиде во Интер од Милано. Од италијанскиот клуб го објавија трансферот откако Валас успешно ги помина лекарските прегледи, а во прашање е заем до јуни идната година.
Валас игра на позицијата десен бек и изрази задоволство што идната сезона ќе игра во италијанската Серија А, изјавувајќи дека се надева дека во клубот од Милано ќе има многу повеќе шанси да игра отколку што имаше минатата сезона во Челзи.

Најнови вести