Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Модриќ: Тоа со Интер беше најголема глупост во историјата

Ѕвездата на Реал Мадрид не помислувал да се пресели во Милано

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, демантираше дека имало можност во летниот преоден рок да се пресели во тимот на Интер. Хрватот, кој беше избран за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија, вели дека никогаш не размислувал да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ за да дојде во Милано. 
Во изминативе неколку недели, италијанските медиуми тврдеа дека Модриќ ќе се пресели на „Џузепе Меаца“, каде што требаше само да се зголеми хрватската колонија. Во дресот на „нераѕурите“ се Шиме Врсаљко Марцело Брозовиќ и Иван Перишиќ, но нема да биде и Модриќ. 
Самиот играч на една од социјалните мрежи демантираше дека ќе си замине од Реал Мадрид коментирајќи дека трансферот во Интер е „најголема глупост во историјата на фудбалот“. 
По заминувањето на Кристијано Роналдо од Кралскиот клуб, Модриќ и Герет Бејл сигурно ќе бидат главни играчи на актуелниот европски првак. 

 

Најнови вести