Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2013

Лушембурго суспендиран на шест натпревари

Јужноамериканската фудбалска федерација го суспендира Вандерлеј Лушембурго, 60-годишниот поранешен тренер на Реал од Мадрид, а актуелен тренер на Гремио, на шест натпревари поради свое учество во расправија по натпреварот од Копа Либертадорес против Уачипато.

По натпреварот одигран на 18-ти април, кој заврши со реми 1-1 и со тоа го потврди пласманот на Гремио во осминафиналето, избија грди сцени и дојде до масовен судир на играчите и тренерите.
Покрај суспензијата, Лушембурго е должен да плати и 19.000 евра.
Играчите и тренерите на Уачипато го обвинија бразилскиот стручњак за предизвикување судир бидејќи, наводно, по средбата им порачал да уживаат во одморот.
„По мое мислење, казната не е фер“, изјави Лушембурго.
Казнет е и помошникот на Лушембурго, Емерсон Фереира да Роса, и тоа со суспензија на осум натпревари и 15.000 евра.
Во Гремио најавија жалба на казната.