Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2012

Флaменго го отпушти Лушембурго

Вандерлеј Лушембурго доби отказ од клупата на местото тренер на Фламенго, само по еден ден откако неговата екипа од Рио де Жaнеиро се пласира во Купот Либертадорес.

Поранешниот селектор на Бразил и некогашен тренер на Реал Мадрид беше на клупата на Фламенго од октомври 2010 година. Бразилските медиуми долго време го најавуваа неговото заминување, а како главна причина го наведуваа лошиот однос со клупската ѕвезда и поранешен најдобар фудбалер на светот Роналдињо.

Според договорот, Лушембурго поради ова би требало да добие оштета во висина од 1,4 милиони евра, а челниците на клубот се обидуваат да го намалат тој износ.

Кој ќе го замени педесет и деветгодишниот стратег, кој со „кариоките“ во 1999 година ја освои Копа Америка, засега сè уште не е познато.

Најнови вести