Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2012

Лушембурго нов тренер на Гремио

Вандерлеј Лушембурго, некогашниот 59-годишен селектор на бразилската фудбалска репрезентација, е новиот тренер на двократниот бразилски шампион Гремио, со кого потпиша договор до крајот на годината.

На местото тренер Лушембурго ќе го замени Кајо Жуниор, кој е сменет во понеделникот само по неколку месеци поминати на клупата.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид многу брзо најде ново вработување откако доби отказ во Фламенго на втори овој месец, по серијата несогласувања со некои играчи и директорите на најпопуларниот бразилски клуб.
Лушембурго е еден од најуспешните бразилски тренери со пет освоени титули во националното првенство, иако во последните пет години не даде квалитетни резултати - последната титула во бразилската Серија А ја освои во 2004 година со Сантос.
Официјално во Гремио ќе биде претставен утре.

Најнови вести