Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2017

И покрај поразот, Гремио во финалето на Копа Либертадорес

Во финалето на Копа Либертадорес за 2017 година ќе гледаме бразилско-аргентински дуел.

По Ланус, кој постигна историски успех со елиминацијата на Ривер плате, до големото финале стигна и Гремио, двократниот освојувач на најсилното клупско натпреварување на јужноамериканскиот континент.
Бразилскиот тим беше поразен во реваншот во Порто Алегри од еквадорската Барселона со 0-1, но благодарение на победата од првата средба (3-0), ќе има можност да се бори за новиот пехар.
Барселона до утешната победа дојде со голот на Џонатан Алвез во 33-тата минута.
Првиот натпревар од финалето на програмата е на 22-ри ноември, домаќин е Гремио, а реваншот се игра една седмица подоцна.

Најнови вести