Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2012

Брандао се враќа во Марсеј

Еваеверсон Лемос да Силва, или попознат како Брандао, ја заврши својата епизода како позајмен фудбалер во Гремио и се враќа во својот Марсеј.

Бразилецот во Марсеј пристигна во 2009 година од Шахтар, во кој играше дури седум години. Сезонава играше прво во Крузеиро, а потоа во Гремио.
Од Гремио соопштија како корпулентниот напаѓач се враќа во Марсеј по барање на тренерот Дидие Дешамп, а Брандао би можел да заигра уште во недела, кога неговиот тим ќе се сретне со актуелниот шампион Лил.
Брандао беше обвинет за силување ова година. Анонимна дваесет и четиригодишна девојка го терети дека сексуално ја нападнал. Наводниот инцидент се случил додека Брандао се враќал дома од една забава.
Неговите адвокати тврдеа дека нивниот клиент се чуствува невин и дека девојката не само што не била силувана туку и се согласила на тој акт.
По апсењето, тој е пуштен на слобода по уплатената кауција, но му беше забрането да ја напушта територијата на Франција. Сепак, подоцна му беше дозволено да замине на позајмица во Крузеиро, па во Гремио, откако се обрза дека ќе му се стави на располагање на француското правосудство кога ќе почне процесот.

Најнови вести