Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Анри ќе тргне од нула, Бордо ја ангажираше фудбалската легенда за нов тренер

Тиери Анри ќе биде промовиран во нов тренер на Бордо, а фудбалската легенда и буквално ќе ја почне тренерската кариера од нула

Францускиот бродкастер „РМЦ Спорт“ објави дека Тиери Анри е нов тренер на францускиот прволигаш Бордо. Фудбалската легенда ги прифати условите на раководството на Бордо и ќе го замени Густаво Појет на клупата на „жирондинците“. Анри му беше помошник на белгискиот селектор Роберто Мартинес на Мундијалот во Русија, а „црвените ѓаволи“ играа одлично и стасаа до полуфинале. 
Сега ќе дебитира како главен тренер на, за него добро познатиот терен во Франција, селекцијата за којашто долго играше. И, ќе почне од нула, бидејќи Бордо има два порази во првите две кола во француското првенство. И, на некој начин повторно ќе биде поврзан со Белгија, бидејќи Гент е противник на Бордо во фазата на плејофот за настап во Лигата на Европа .
Анри имаше прекрасна фудбалска кариера и играше за дел од најголемите клубови во Европа. Почна во Монако, потоа настапуваше и за Јувентус, Арсенал и Барселона, пред да се пресели во САД, во редовите на Њујорк Ред булс.

 

Најнови вести