Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Малерите на Љорис продолжуваат – Голманот на Франција ќе го пропушти стартот на Лигата на нациите

Уго Љорис ќе го пропушти стартот на Лигата на нациите поради повреда, па на негово место селекторот на „триколорите“, Дидие Дешамп, повика нов голман за дуелите со Германија и Холандија

Уго Љорис нема многу среќа во последно време, а сега и се повреди, па ќе го пропушти стартот на натпреварите на Франција во Лигата на нациите.
Голманот на актуелниот светски првак не бранеше за Тотенхем против Ватфорд викендов поради повреда, па нема да биде подготвен ниту за предизвикот во Лигата на нациите. Франција ќе игра задутре со Германија на гостински терен на почетокот на дуелите во најсилниот А сегмент во новоформираната Лига на нации. Потоа, во недела, гости на популарните „триколори“ ќе им бидат Холанѓаните. Место Љорис, Дидие Дешамп го повика голманот на Монпелје, Бенжамен Лекомт.
Претходно, Љорис имаше проблеми со законот во Англија, откако беше фатен како вози во алкохолизирана состојба на улиците на Лондон. Заврши во полициска станица, каде што беше задржан 7 часа, но потоа беше пуштен со кауција. Голманот на Тотенхем и на француската репрезентација ќе мора да се појави на суд и сигурно го чека казна за прекршокот.

Најнови вести