Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2013

Лушембурго доби отказ во Гремио

Вандерлеј Лушембурго, 61-годишниот поранешен селектор на бразилската фудбалска репрезентација, е сменет од функцијата тренер во прволигашот Гремио.

Само пред неколку дена пред продолжението на бразилското првенство, кое е прекинато поради Купот на конфедерациите, управата на клубот од Порто Алегре одлучи да му врачи отказ на искусниот стручњак кој во сезоната 2004/05 беше тренер на Реал Мадрид.
Гремио во досегашните пет кола на бразилската Серија А освои осум бодови и моментно се наоѓа на седмото место на табелата, што очигледно не е задоволително за челниците на клубот. Освен тоа, раководството на двократниот бразилски шампион му замери на Лушембурго и за испаѓањето во осминафиналето на Копа Либертадорес.
 Нов тренер сè уште не е именуван .