Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2015

Кенеди петти Бразилец во Челзи

Челзи, шампионот на Англија, соопшти дека потпишал повеќегодишен договор со Кенеди, младинскиот репрезентативец на Бразил.

Кенеди има 19 години, игра на позицијата напаѓач, а во клубот од Лондон доаѓа од матичниот Флуминенсе.
Челзи не сакаше да објави колку пари издвои за трансферот на Кенеди, но англиските медиуми шпекулираат дека се работи за цифра од 6,3 милиони фунти.
„Многу сум возбуден поради укажаната шанса. Среќен сум што ќе играм за Челзи и се надевам дека ќе станам важен играч на тимот“, изјави Кенеди.
Бразилецот играше за Челзи во претстојната турнеја во САД и успеа да ги задоволи критериумите на менаџерот Жозе Мурињо.
Тој ќе биде петти бразилски фудбалер во Челзи, покрај Рамирес, Оскар, Вилијан и Нејтан.

Најнови вести