Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2011

Деко ја завршува кариерата?

„Португалскиот репрезентативец Деко, размислува за завршување на кариерата поради константните проблеми со повредите“ – открива неговиот тренер во бразилскиот клуб Флуминенсе.

Поранешниот репрезентативец, претрпе дури седум повреди од своето доаѓање од Челзи во 2010 година, како слободен играч. Триесет и тригодишниот играч за врска е двоен освојувач на Лигата на шампионите, еднаш со Порто и еднаш со Барселона.

„Деко е многу незадоволен. Му дадовме време со идната недела добро да размисли што ќе прави со својата кариера. Навивачите сакаат да го гледаат на теренот или пак ако заминува во пензија, како го препушта своето место на некој помлад фудбалер“ – изјави Абел Брага.

„Меѓутоа, тоа не е она што го сака Деко. Тој е добар човек со неверојатен карактер и кој веќе има освоено неколку големи титули. Обидете се да замислите како му е нему. Но не само нему, тешко поради тоа ни е и на нас“ – заврши Брага.

Деко своите најдобри години ги мина во Порто, Барселона и Челзи, во кој беше се само не среќен.

Најнови вести