Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2013

Бразилска Серија А: Прв пат во историјата шампионот испадна од лигата

Флуминенсе стана прв клуб во историјата на бразилската Серија А кој како актуелен шампион испадна од првата лига. Не му помогна ниту победата во последното коло.

Фудбалерите на Доривал Жуниор направија сè што беше можно во нивна моќ да се спасат во последното коло. Во гости ја победија Бахија со 2-1, но ги закопа гостинскиот триумф на Коритиба кај Сао Пауло (1-0).
Флуминенсе беше шампион во 2010 и 2012 година, така што ваквото нагло паѓање е сосема неочекувано и шокантно за неговите навивачи. За да биде приказната уште поневеројатна, на Флуминенсе во втората лига ќе му се придружи и Васко де Гама, клубот кој во последните сезони, исто така, беше меѓу првите на врвот - лани беше петти, а сезоната пред тоа втор.
Освен двата гиганти од Рио де Жанеиро, во втората лига се селат и Понте Прета и Наутико. Уште од претходно е познато дека новиот шампион е Крузеиро, а покрај него, во Копа Либертадорес се пласираа и Гремио и Атлетико Парененесе, додека Ботафого во квалификациите.

Најнови вести