Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2013

Жоржињо нов тренер на Фламенго

Бразилскиот фудбалски прволигаш Фламенго го именуваше 48-годишниот Жоржињо, некогашен играч на Баер Леверкузен и Баерн Минхен, за нов тренер на клубот.

На клупата го наследи Доривал Жуниор, кој не сакаше да се согласи на намалување на платата за 50 отсто, а потпиша договор до декември 2014 година.
„Жоржињо има многу меѓународно искуство како поранешен играч и веќе е поврзан со нашиот клуб“, изјави потпретседателот на клубот, Валим Васконселос.
Жоржињо како играч боите на Фламенго ги бранеше меѓу 1984 и 1989 година, а од почетокот на тренерската кариера во 2006 година водеше неколку клубови, од Гојас до Кашима Антлерс. Најпознат му беше ангажманот како помошен тренер на бразилскиот селектор Карлос Дунга меѓу 2006 и 2010 година.

Најнови вести