Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
23.7.2016

Ливерпул го претстави Вејналдум

Жоржињо Вејналдум е претставен вчера како седмо засилување на Ливерпул, а за него на Њукасл му платија 25 милиони евра.

Холанѓанецот е второто засилување кое во истиот ден го доведе Клоп на „Енфилд роуд“, по потписот со искусниот австрискиот голман Алекс Манингер, кој на четврти јуни наполни 39 години.
Вејналдум за Њукасл настапи на 38 натпревари и постигна 11 голови, но одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата, по испаѓањето на Њукасл во Шампионатот.
За својот нов менаџер имаше само пофални зборови.
„Делува како добар човек, но секогаш сакам да го гледам како е среќен на натпреварите. Тој го носи ветрот во грбот на својот тим и се радувам што ќе имам шанса да бидам во тимот“, изјави Вејналдум.
Од друга страна, Јирген Клоп за него изјави дека е одличен играч кој лесно ќе се вклопи во тимот на Ливерпул.
„Мислам дека е одличен играч за нас, одигра многу натпревари со репрезентацијата на Холандија, има искуство во Премиер лигата и тоа му дава добра подлога да се натпреварува, а сите знаат дека тоа е нешто големо. Може да игра на повеќе позиции и едвај чекам навивачите на тренингот да го видат во дресот на Ливерпул“, смета Клоп.

Најнови вести