Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2016

Во Ливерпул бесни поради Блинд

Јирген Клоп и неговите помошници се многу бесни на холандскиот селектор Дани Блинд.

Репрезентацијата на Холандија беше поразена од Франција на свој терен со 1-0, а единствениот гол на тој натпревар успеа да го постигне Пол Погба.
Овој натпревар донесе и некои последици кои ќе бидат многу тешки, посебно за Ливерпул.
Се работи за повредата на Жоржињо Вејналдум, а не би имало никаков проблем кон Дани Блинд, селекторот на Холандија, ако Вејналдум би бил во целост подготвен да настапи на овој натпревар.
Фудбалерот од средината на теренот го мачеше повредата и пред натпреварот, но Блинд одлучи да ризикува и да го стави во првата постава.
На Вејналдум повредата му се влоши, а Холандија изгуби. Изгуби и Ливерпул, кој нема да смета на него во понеделник, во натпреварот против Манчестер јунајтед на „Енфилд роуд“.

 

Најнови вести