Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2015

Нејмар: Ова не е одмазда за 1998 година

Нејмар, напаѓачот на Барселона, го предводеше Бразил до убедливата победа над Франција во Париз, но изјави дека тоа не е одмазда за 1998 година.

Французите пред 17 години ги соборија Бразилците со 3-0 во финалето на Светското првенство, токму на „Стад де Франс“ во Сен Дени.
„Ова не е одмазда, помина многу време. Сега играат други играчи, овој натпревар нема никаква врска со 1998 година. По Светското првенство беше тешко, но свртивме нова страница“, изјави Нејмар.
Французите поведоа преку голот на Рафаел Варан во 21-вата минута, но Селесао направи пресврт со погодоците на Оскар, Нејмар и Луис Густаво во продолжението.
„Овие добри резултати се плод на голема секојдневна работа. По Мундијалот се обидов на играчите да им ја вратам самодовербата и да го пронајдам вистинскиот баланс“, изјави Карлос Дунга, селекторот на Бразил, кој во 1998 година како капитен ја предводеше селекцијата во финалето на Светското првенство.

Најнови вести