Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.5.2018

Aнглиските гиганти ја почнаа трката по Жоржињо

Италијанските медиуми пишуваат дека за 26-годишниот фудбалер за врска се заинтересирани Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челзи.

Фаворит за да го доведе е Манчестер сити, освојувачот на Премиер лигата, но сè уште не е постигнат никаков договор.
Наполи очекува од неговата продажба да заработи околу 60 милиони евра.
Жоржињо во Наполи дојде во јануари 2014 година од Верона и во меѓувреме стана репрезентативец на Италија, и покрај тоа што е роден во Бразил.

Најнови вести