Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2013

Доривал Жуниор нов тренер на Флуминенсе

Флуминенсе соопшти дека Доривал Жуниор е новиот тренер на нивниот тим.

Доривал на клупата на бразилскиот клуб ќе го замени поранешниот тренер на Реал Мадрид, Вандерлеј Лушембурго.
Флуминенсе наведе во соопштението дека главна цел на Доривал ќе му биде клубот да не испадне од лигата.
Доривал во досегашната тренерска кариера ги водеше: Васко де Гама, Сантос, Атлетико Минеиро, Интернасионал и Фламенго.
Флуминенсе на пет кола пред крајот се наоѓа на 18-тото место на бразилското првенство со 36 освоени бодови, еден помалку од Васко де Гама, кој е 16-ти на табелата. Тимовите од 17-тото до 20-тото место испаѓаат од бразилската Серија А.

Најнови вести