Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2011

Белети замина во пензија

Поранешниот фудбалер на Барселона, Челзи и Вилјареал, Жулијано Белети, на својот профил на „Твитер“ објави дека е дојден крајот на неговата богата кариера поради повредата на Ахиловата тетива.

„Телото едноставно повеќе не слуша. Ентузијазмот, силата и желбата повеќе не можат да ги надвладеат болките коишто секојдневно ги чувствувам“, рече стрелецот на победничкиот гол од финалето на Лигата на шампионите во 2006 година, кога Барселона стана првак.

Членот на бразилската репрезентација во 2010 година се врати во Бразил, каде што со својот Флуминенсе ја освои титулата. Но само по десет дена од потпишувањето за Сеара, Белети им се извини на управата и на навивачите бидејќи нема да може да го испочитува договорот.

„Би сакал да работам како спортски коментатор или да бидам советник во некој клуб“, додаде Бразилецот.

Најнови вести