Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2011

Нејмар најдобар играч во Бразил

Нејмар, репрезентативниот напаѓач на Сантос, е прогласен за најдобар играч за минатата сезона во Бразил, во која шампионската титула ја освои Коринтијанс.

Нејмар на вистински начин ја круниса својата блескава година и во изборот за „Трофеј Армандао“ ги победи ѕвездите на бразилскиот фудбал, како што се Роналдињо и Фред.
Изборот за тоа признание го организира бразилскиот магазин „Пласар“, а се доделува на играчот со најдобар просек во текот на долготрајниот бразилски шампионат. Суперталентираниот фудбалер оваа сезона на 21 натпревар во дресот на Сантос постигна 13 голови, а шест пати беше асистент.
Зад Нејмар се пласираа: Фред (Флуминенсе), Валтер Монтилјо (Крузеиро), Деде (Сао Пауло) и Роналдињо (Фламенго).
Прогласен е и најдобар тим на бразилското првенство во состав од Марсело Ломба (Бахија), Рафаел Круз (Гојас), Додо (Бахија), Деде (Сао Пауло), Родолфо (Сао Пауло), Касемиро (Сао Пауло), Паулињо (Коринтијанс), Велингтон Нем (Фигеиренсе), Монтилјо (Крузеиро), Нејмар (Сантос), Фред (Флуминенсе).

Најнови вести