Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2018

Нејмар ќе се врати на теренот – подготвен за Хрватите

Нејмар да Силва, капитенот на Бразил, по закрепнувањето од повредата, најверојатно ќе се врати на теренот во пријателскиот натпревар против Хрватска на трети јуни во Ливерпул.

Напаѓачот на ПСЖ нема играно од февруари поради операцијата на метатарзалната коска на стапалото, но ќе биде подготвен и пред Мундијалот, и тоа за дуелот меѓу Хрватска и Бразил.
Родриго Лесмар, докторот на бразилската репрезентација, изјави дека закрепнувањето на Нејмар тече многу добро и дека следната недела тој ќе тренира со групата.
„Направивме некои тестови, закрепнувањето на Нејмар оди во одличен правец. Следната недела ќе биде подготвен да тренира со екипата. Нашата идеа е да работи со топката за да може наскоро целосно да биде фит и да го одигра првиот пријателски натпревар“, изјави Лесмар.
Покрај Бразил и Србија, во групата Е се Швајцарија и Костарика, првиот противник на „орлите“ на Светското првенство на 17-ти јуни во Самара.

Најнови вести