Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2018

Фред дојде на „Олд Трафорд“ – Мурињо го одврза ќесето за Бразилецот

Бразилецот Фред е нов фудбалер на Манчестер јунајтед, соопшти клубот од „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ за овој трансфер издвоија 47 милиони фунти, односно околу 53 милиони евра, колку што ќе легнат на сметката на Шахтар од Донецк.
Фред, кој е роден 1993 година, стана петто најскапо засилување во историјата на Јунајтед.
Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, не жалеше пари за овој трансфер и очекува Фред да биде освежување за редот за врска на славниот клуб.
Бразилецот во Европа дојде во 2013 година и цели пет сезони го носи дресот на Шахтар. Моментно се наоѓа во тимот на Бразил кој ќе игра на Мундијалот во Русија.

Најнови вести