Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
18.4.2018

Нејмар ќе паузира најмалку до средината на мај

Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека на теренот нема да се врати најмалку до втората половина на мај, за кога е закажан последниот лекарски преглед по операцијата на стапалото.

„Последниот преглед е закажан за 17-ти мај, ќе видиме што ќе биде потоа“, изјави фудбалерот на ПСЖ пред новинарите во Сао Пауло.
ПСЖ последниот натпревар во првенството го игра на 19-ти мај против Кан, така што малку е веројатно дека Нејмар оваа сезона повторно ќе заигра во дресот на новиот шампион на Франција и ќе го ризикува настапот на Светското првенство.
„Се надевам дека нема да го гледам Светското првенство на ТВ. Ќе имам доволно време за да се подготвам. Сè добро се развива... Ќе бидам подобар отколку што бев пред повредата“, додаде Нејмар.
Тој, исто така, изјави дека му било тешко што не бил со своите соиграчи од ПСЖ за да го прослави освојувањето на шампионската титула.
Бразилецот го повреди десното стапало на натпреварот против Олимпик Марсеј на 25-ти февруари, а операцијата му беше извршена на почетокот на март во Бело Хоризонте.

Најнови вести