Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2018

Нејмар ја сака титулата: Жесус, Кутињо и јас ја правиме разликата

Нејмар да Силва, капитенот на Бразил, изјави дека тој и неговите соиграчи Габриел Жесус и Филипе Кутињо се оние коишто би можеле да заблескаат на Светското првенство.

Ѕвездата на ПСЖ, која моментно се наоѓа во Бразил, каде што закрепнува од повредата, изјави дека покрај од неговите Бразилци, многу очекува и од Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Мохамед Салах и Луис Суарес.
„Има многу квалитетни фудбалери. Штом е во прашање Светското првенство, значи дека доаѓаат најдобрите. Мислам дека Жесус, Кутињо и јас можеме да направиме разлика“, изјави Нејмар за локалниот „Глобо Еспорте“.
Нејмар смета дека Селесао ќе има најквалитетен состав на Мундијалот.
„Салах не игра за силна селекција, но може да има добар Мундијал. Тука, исто така, се и одличните Роналдо, Меси, Азар, Де Бројне, Суарес... Верувам дека може да стигнам многу далеку, но се надевам не преку Бразил. Мило ми  е што предводам ваков тим, мислам дека е најсилен и сè ќе направиме за да дојдеме до трофејот“, додаде Нејмар.
Покрај Бразил, групата Е на Светското првенство ја сочинуваат уште Србија, Швајцарија и Костарика.

Најнови вести