Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2018

ПСЖ ќе ја избегне казната на УЕФА, им треба приход од 60 милиони

До крајот на јуни ПСЖ ќе мора да има приход од уште 60 милиони евра за да не биде казнет клубот за кршење на финансискиот фер плеј. Исто така, УЕФА нема забелешки ниту за милионските трансфери на Нејмар и Килијан Мбапе.

„УЕФА е задоволна од тоа како стојат работите во врска со милионските трансфери на Килијан Мбапе и Нејмар, коишто беа сериозен тест за управата на ПСЖ околу тоа дали можат своето работење да го задржат во границите на финансискиот фер плеј“, изјавија извори на „Асошиејтед прес“ кои тврдат дека парискиот клуб ќе успее да ја убеди УЕФА дека работи според правилата.
ПСЖ и понатаму ќе биде под будно око на европската куќа на фудбалот, а за да поминат неказнето, Парижаните ќе мора до крајот на јуни да имаат приход од 60 милиони евра. УЕФА истражувала и неколку спонзорски договори, а посебно оние коишто имаат врска со фирмите од Катар, од каде што е и сопственикот на ПСЖ.
Француските новинари претпоставуваат дека прв од „Паркот на принцовите“ ќе замине Гонсало Гедеш, кој сака да остане во Валенсија, а „лилјаците“ се подготвени да му платат на Португалецот за да остане на „Месталја“. Од друга страна, ПСЖ би можело да го продаде и Хавиер Пасторе, за кого е заинтересиран лондонскиот Вест хем.
Инаку казната за непочитување на правилата на финансискиот фер плеј е едногодишна суспензија од натпреварувањата под покровителство на УЕФА.

Најнови вести