Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2013

Батиста нов тренер на Васко де Гама

Бразилскиот клуб Васко де Гама за тренер го ангажира Адилсон Батиста на местото на Доривал Жуниор, кој викендот беше отпуштен по три порази во четири натпревари.

Васко се одлучи за промена на тренерот со желба да избегне второ испаѓање од првата лига за шест години.
Клубот од Рио де Жанеиро моментно се наоѓа на 18-тото место на табелата од 20 тимови.
Претходниот тренер Доривал го доведе тимот само до девет победи и осум ремија од вкупно 29 натпревари, откако ја презеде екипата во седмото коло на шампионатот, кога Васко де Гама беше 14-ти на табелата.

Најнови вести