Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2012

Оливеира нов тренер на Васко де Гама

Бразилскиот фудбалски клуб Васко де Гама за нов тренер вчера го именуваше Марсел Оливеира.

Оливеира потпиша договор до крајот на 2013 година, а на клупата ќе го замени Кристовао Боржес, кој е сменет по убедливиот пораз од Бахија (0-4).
 Васко де Гама минатата сезона го освои второто место во бразилскиот шампионат, а сега заостанува единаесет бодови зад лидерот Флуминенесе.
Боржес му беше помошен тренер на Рикардо Гомес, кој минатата година доживеа мозочен удар на натпреварот против Фламенго.

Најнови вести