Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2012

Фагнер ново засилување на Волфсбург

Претседателот на бразилскиот фудбалски клуб Васко де Гама, Роберто Динамит, потврди дека е блиску до тоа да изгуби еден од своите најдобри играчи, 23-годишниот Фагнер, кој е многу блиску до Волфсбург.

Според пишувањата на германскиот „Билд“, одбранбениот играч на Васко де Гама е подготвен да стане втор Бразилец кој ова лето премина во германскиот бундеслигаш. Пред него тоа го направи Налдо, кој минатата седмица стигна од Вердер Бремен.

„Разговарав со луѓето упатени во целата ситуација и ми рекоа дека работата е непоправлива. Фагнер ја донесе својата одлука која мора да ја почитуваме“ рече за „Билд“ Динамит.

Волфсбург новата бундеслигашка кампања ја почнува на 25-ти август кај Штутгарт.

Најнови вести