Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2016

Роналдо: Ова мора да биде совршена вечер

Реал Мадрид ќе има многу тешка задача на „Сантијаго Бернабеу“ против Волфсбург по шокантната победа на „волците“ на првиот натпревар на„Фолксваген арената“ со 2-0.

„Кралскиот клуб“ претходните шест пати беше елиминиран кога ќе доживееше пораз на  првиот натпревар, а сега ќе мора да го повтори подвигот од 1987 година, кога Мадриѓаните по поразот од Црвена звезда во Белград (4-2) со головите на Емилио Бутрагењо и Мануел Санчис стигнаа меѓу четирите најдобри во тимови во Европа.
„Би сакал стадионот да биде полн, бидејќи многу ќе ни значи поддршката на навивачите. Се надевам дека тоа ќе биде убава ноќ, и многу сум возбуден поради тоа. Имаме самодоверба, тренерот верува и навивачите мораат да веруваат. Тоа мора да биде совршена вечер“, смета најдобриот стрелец во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо.

Најнови вести