Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2013

Нарко-банда киднапирала и мачела фудбалер на Васко де Гама

Дваесет и двегодишниот Бернардо, фудбалер од средината на теренот на Васко де Гама, бил киднапиран и мачен од нарко-банда во Рио де Жанеиро.

Според пишувањата на бразилските медиуми, Бернардо бил во друштво со девојка на шефот на бандата кој го наредил нападот. По киднапирањето, двајцата биле однесени на некој рид каде биле врзани и тепани. Според изјава на сведоци, на девојката ѝ било пукано во нозе. Двајцата завршиле во болница од каде биле отпуштени во четвртокот.
„Разговарав со Бернардо и сега приоритет ни е да му пружиме целосна поддршка. Васко де Гама не сака неговото име да се споменува во друг контекст освен спортски, но клубот ќе го поддржи фудбалерот додека трае судскиот процес“, изјави спортскиот директор на клубор, Рене Симоеш.

Најнови вести