Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2015

Бернардо Силва за 16 милиони евра во Монако

Францускиот фудбалски клуб Монако денес соопшти дека за 16 милиони евра го откупил договорот на Бернардо Силва од Бенфика.

Младиот репрезентативец на Португалија претходните шест месеци беше на заем во Монако, по што „кнезовите“ одлучија да го задржат.
Во досегашниот тек на Лига 1 одигра 15 натпревари и постигна три погодоци.
Силва потекнува од Бенфика, но не успеа да избори место во првиот тим на клубот од Лисабон, поради што играше само за тимот Б.
Тој за младата репрезентација на Португалија настапи осум пати и даде пет голови.

Најнови вести