Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Уникатно: Има повеќе трофеи, отколку одиграни меча за Бенфика

Голманот Пауло Лопес се пензионираше со 12 освоени пехари, во само 11 настапи за португалскиот гигант

Голманот Пауло Лопес реши да ја заврши кариерата на 40-годишна возраст. Тоа е чувар на мрежата кој во кариерата ја помина бранејќи во родната Португалја. 
Започна како тинејџер во Бенфика, а потоа и се врати во тимот во кој и ја заврши кариерата. За Бенфика играше од 1997 до 2002, а потоа една деценија настапуваше за други клубови, за да во 2012 година повторно се врати во португалскиот гигант. 
Иако дури 11 години беше дел од тимот на Бенфика, никогаш не се избори за место во стартниот тим. Дури не беше ни втор голман, туку ја имаше улогата на трет чувар на мрежата. Токму затоа зад неговото име има само 11 официјални настапи во првиот тим на Бенфика, што во просек би било по еден меч во сезона.
Иако има само 11 настапи за Бенфик,а Лопес може да се пофали дека има освоено 12 пехари. Едноставно тој од клупата за резерви речиси секогаш бил дел во овој период кога Бенфика се радувала на трофеј. 
Лопес ја заврши кариерата и речиси никој нема да го памти како некој добар голман, но затоа ќе биде забележан како играч кој повеќе пати кренал трофеј, отколку што истрчал на теренот да брани за Бенфика.

 

Најнови вести