Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2011

Роналдињо освои трофејот по пет години

Конечно и Роналдињо освои трофеј. Некогашниот најдобар фудбалер на светот го освои првиот трофеј по пет години. Станува збор за титулата во бразилскиот шампионат Кариока, каде што неговиот Фламенго го совлада Васко де Гама по подобро изведување пенали. Во регуларниот тек на натпреварот беше 0-0.

Последниот трофеј Роналдињо го освои во 2006 година, и тоа во Лигата на шампионите со Барселона.

„Во Бразил се вратив заради ова. По неколку сушни години без титула, освојувањето една дома е чувство кое не може да се опише“, изјави Роналдињо, кој оваа сезона е капитен на Фламенго, а поради повреда ги пропушти претходните два натпревари на својот клуб.

Титулата во Кариока е втора освоена дома на овој триесет и едногодишен напаѓач, по онаа од 1999 година кога беше член на Гремио. Тоа беше трофеј наменет за најдобриот тим на шампионатот Гаучо. Потоа Роналдињо замина надвор од границите на својата земја каде што помина десет сезони, а Одисејата во Европа ја заврши во италијанскиот Милан.

Најнови вести