Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2012

Кутињо до крајот на сезоната во Еспањол

Филип Кутињо, деветнаесетгодишниот бразилски фудбалер и играч за врска на Интер, во овој преоден рок ќе го засили шпанскиот Еспањол, кај кого ќе игра како фудбалер на заем до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми пишуваат дека деталите околу реализацијата на договорот сè уште не се обелоденети, но дека двата клуба се согласиле и трансферот би требало да се изврши денеска.
Еспањол се наоѓа на петтата позиција на табелата во Шпанија и има цел наредната сезона да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, па играч од ваков калибар сигурно многу добро би му дошол.
Кутињо сезонава одигра само пет првенствени натпревари за „нераѕурите“ и постигна само еден погодок. Во Интер пристигна во 2010 година од редовите на Васко де Гама.

Најнови вести