Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2013

Бразилска Серија А: Крузеиро трет пат шампион

Фудбалерите на Крузеиро од Бело Оризонте по трет пат во клупската историја станаа бразилски шампиони.

Во 34-тото коло на Серија А Крузеиро како гостин ја победи Виторија со 3-1 и на четири кола пред крајот има недостижни 16 бодови предност пред Атлетико Парененсе, кој вчера изгуби од Крисиума со 2-1. Стрелци за Крузеиро беа Вилијан, Рикардо Гуларт и некогашниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома, Жулио Баптиста.
За Крузеиро ова е прва бразилска шампионска титула по 2003 година. Првата титула, пак, овој клуб ја освои во далечната 1966 година.
Во актуелната сезона екипата од Бело Оризонте слави под водство на 58-годишниот Марсел Оливеира, кому тоа му е најголем успех во кариерата. Досега имаше освоено само две шампионски титули на сојузната држава Парана со Коритиба.