Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2014

Бразилецот Нилтон од летово во Интер

Нилтон, бразилскиот играч и член на Крузеиро, налето кариерата ќе ја продолжи во Интер од Милано, пренесе „Тутоспорт“.

„Нераѕурите“ со клубот од Сао Пауло се договориле да платат оштета од 5,5 милиони евра. Нилтон има 27 години, игра на позицијата играч за врска од задниот ред, а минатата година во дресот на Крузеиро настапи во 61 натпревар и постигна осум голови.
Овој фудбалер во кариерата има играно за Коринтијанс, Васко де Гама и Крузеиро.
Пред Нилтон, Интер за следната сезона веќе го ангажира поранешниот српски репрезентативец Немања Видиќ, кому налето му истекува договорот со Манчестер јунајтед.


Најнови вести