Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Слика која потврдува дека Модриќ си оди од Реал

Денеска треба се да биде познато околу тоа каде Хрватот ќе игра во новата сезона

Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид во изминативе шест сезони Лука Модриќ е на пат да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Многу веројатно е дека денес ќе биде потврдено заминувањето на Модриќ во Интер. 
Дека Реал се подготвува за сезона без Модриќ во тимот најверојатно потврдува и последната фотографија. Во најавата за новата сезона, како лидери на тимот, покрај капитенот Серхио Рамос се уште и Марсело, Тони Крос, Герет Бејл и Карим Бензема. Покрај овие играчи, сигурно ќе имаше место и за Модриќ, но штом го нема меѓу лидерите, тоа значи дека „кралскиот клуб“ ќе остане без него во многу брзо време. 
Интер веќе неколку дена има испратено свои луѓе во Мадрид каде се преговара за трансфер на најдобриот фудбалер од Светското првенство во Русија. 

 

Најнови вести