Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
08.8.2018

Модриќ одби да тренира, денес ќе се знае неговата иднина

Хрватот треба да има состанок со претседателот на „кралскиот клуб“

Најдобриот фудбалер од Светското првенство во Русија, Лука Модриќ, денеска треба да дознае дали ќе остане во Реал Мадрид, или ќе се пресели во Интер. Модриќ денеска ќе има состанок со претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, кога и треба да биде донесена одлуката околу иднината на хрватскиот репрезентативец. 
Перез е познат како незгоден преговарач и ќе биде тешко Реал летово да се откаже од уште еден клучен играч. Пред неколку недели од Мадрид си замина првата ѕвезда Кристијано Роналдо, кој кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. 
Модриќ е во Реал од 2012 година и со тимот од „Сантијаго Бернабеу“ освои четири титули во Лигата на шампионите.  Лука реши да не тренира се додека не се одлучи неговата иднина и тоа каде ќе игра во новата сезона. 
„Мозокот“ во играта на Реал има договор со „кралевите“ до 2020 година, а можно е оваа сезона да замине во Интер како позајмен играч, а „нераѕурите“ следното лето да го откупат неговиот договор.

 

Најнови вести