Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Се знае иднината на Модриќ

Според реномираниот шпански весник „Ас“, Хрватот го прифатил зголемувањето на платата во Реал Мадрид

Лука Модриќ ќе биде вториот најплатен фудбалер во Реал Мадрид и тоа е доволна причина за Хрватот да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Ова го тврди шпанскиот весник „Ас“, кој открива дека Модриќ успеал да издејствува нова, повисока плата во клубот. 
Најдобриот фудбалер од Светското првенство во Русија ќе добива 10 милиони евра по сезона, колку што е платата на капитенот Серхио Рамос. Единствено поплатен ќе остане Герет Бејл, кој треба да ја превземе улогата на Кристијано Роналдо во тимот. 
Според најавите, Модриќ може да одбере дали ќе го продолжи договорот или само ќе се корегира актуелниот договор кој му истекува во 2020 година. 
Хрватскиот репрезентативец следниот месец ќе наполни 33 години. Во Реал Мадрид досега помина шест сезони во кои даде 13 погодоци во 257 средби, а успеа да освои дури 14 трофеи. За Модриќ, голем интерес летово покажа Интер. Италијанскиот тим засега уште официјално не се откажал од идејата да го доведе Лука на „Џузепе Меаца“. 

 

Најнови вести