Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Интер повторно има моќен тим

Интер, еден од најпопуларните италијански клубови, повторно создаде моќен тим, а потврда за сериозниот обид за враќање на патеките на успехот се потрошените 109 милиони евра во овој преоден рок.

Интер повторно ќе биде сериозен кандидат за титулата во Серија А, а составот со новите засилувања навистина делува одлично. Популарните „нераѕури“ потрошија 109 милиони евра летово за да создадат конкурентен состав што ќе може да атакува и на титули.
Во Интер пристигнаа Раџа Најнголан од Рома за 38 милиони евра, Лаутаро Мартинес, кој чинеше 16 милиони евра, Димарко (7), Врсаљко (6,5), Политано (5), Де Вреј и Асамоа како слободни играчи и Кеита Балде како последна аквизиција засега (5 милиони евра, плус 32 за комплетен откуп на договорот следната сезона).
Покрај засилувањата, раководството на Интер бие битка да ги задржи најдобрите играчи Икарди и Перишиќ, за кои има голем интерес од европските гиганти.

 

Најнови вести