Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Реал Мадрид со контра офанзива против Интер

Според шпанските медиуми, нов играч на европскиот првак ќе биде Мауро Икарди

Капитенот на Интер, Мауро Икарди е на мета на Реал Мадрид. Кралскиот клуб се подготвува за голем трансфер кој треба да биде реализиран пред крајот на летниот преоден рок. Според најавите кои стигнуват од Шпанија, актуелниот европски првак е подготвен да потроши 110 милиони евра за трансфер на Икарди на „Сантијаго Бернабеу“. 
Ова многумина го протолкуваа како контра офанзива на Реал Мадрид кон Интер. Италијанскиот тим сакаше да го доведе Лука Модриќ, но мадриѓани ја одбија идејата на „нераѕурите“. Сега на ред е Реал да се обиде да го „украде“ најдобриот играч на Интер. 
Икарди имаше одлична сезона во Интер и затоа во Реал се надеваат дека тој може да биде вистинска замена за Кристијано Роналдо кој си замине од Мадрид. Роналдо просечно даваше по 50 голови во сезона, бројка која тешко дека некој ќе успее да ја достигне, но Икарди е еден од оние напаѓачи кои може да биде од голема корист. 
Интер со Икарди има договор до 2021 година. 

Најнови вести