Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Спалети се закани на Јувентус

Тренерот на Интер најави борба за скудетото

Италијанската Серија А започнува денеска, а актуелниот првак Јувентус е и апсолутен фаворит за ново скудето. Со Кристијано Роналдо во тимот, „старата дама“ треба да е уште посилна од минатата сезона. 
Како најголеми ривали на Јувентус, сигурно ќе бидат Рома, Наполи и Интер. Тренерот на Интер, Лучано Спалети најави беспоштедна борба за титулата. 
„Во летниот преоден рок завршивме добра работа. Задоволен сум од се што се случи. Сега треба да покажеме на терен што знаеме. Ќе започнеме сериозно уште од првиот меч. Подготовени сме да играме против секој противник. Нема шанси да ја предадеме титулата на Јувентус, а првенството уште не е започнато“, рече Спалети. 
Интер утревечер ќе гостува кај Сасуоло во првото коло од Серија А. Шампионатот во Италија започнува со дуелот Киево – Јувентус во 18 часот, а вечерва ќе играат уште и Лацио и Наполи. 

 

Најнови вести