Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2011

Жонатан Мореира потпиша за Интер

Бразилскиот десен бек Жонатан Мореира официјално потпиша четиригодишен договор со италијанскиот вицепрвак Интер. Меѓу „нероазурите“ доаѓа од Сантос, а сумата која ја доби бразилскиот гигант не е позната.

Дваесет и петгодишниот Жонатан кариерата ја почна во Крузеиро од Сао Паоло, а во Сантос дојде минатата година.

„Сакам да го направам Интер уште поуспешен. Отсекогаш сум слушал како Интер е фантастичен клуб и одушевен сум што добив шанса да го направам трансферов и што ќе можам да покажам за што сум способен“, изјави по потпишувањето на договорот.

Бразилскиот дефанзивец беше дел од екипата на Сантос која неодамна го освои Копа Либертадорес, а неговото доаѓање во Милано може да значи скоро заминување на неговиот земјак Маикон, за кого е заинтересиран Реал Мадрид.

Најнови вести