Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2012

Бразилскиот фудбалер Алекс Алвес почина од леукемија

Алекс Алвес, 37-годишниот бразилски фудбалер, почина вчера во Сао Пауло од последиците на леукемија, болеста со која се бореше последните пет години.

На седми октомври во бразилскиот град Жау во државата Сао Пауло на Алвес му беше извршена операција. Пресадена му е коскена срж што му ја донира еден од неговите браќа. На операцијата мораше да чека осум месеци, бидејќи главно таа се финансира од јавниот здравствен состав. Но на крајот, сепак, не го избегна најлошото.
Најуспешните години во текот на кариерата Алвес ги помина во Херта од Берлин (од 1999 до 2003 година), а германскиот клуб за доаѓањето на овој Бразилец од Крузеиро плати седум и пол милиони евра. Алвес за Херта одигра 81 натпревар и постигна 25 голови. Неговиот погодок од центарот на игралиштето во победата над Келн со 4-2 во септември 2000 година беше избран за гол на годината.
По заминувањето од Херта во 2003 година, тој играше за многу клубови, главно бразилски, во коишто не ја пронајде вистинската професионална среќа.

Најнови вести