Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2015

„Маракана“ му се поклони на Роналдињо

Бразилецот Роналдињо Гаучо, еден од најдобрите фудбалери во претходните две децении, стана нов играч на Флуминенсе.

Иако се чинеше дека популарниот Дињо во еден момент потпиша, заедно со Самуел Ето, за турскиот Анталијаспор, тој сепак одлучил да се врати во татковината.
На претставувањето на некогаш најдобриот играч на светот на прочуената „Маракана“ присуствувале речиси 50.000 луѓе, коишто со овации го дочекале освојувачот на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година.
„Ова беше посебен ден за мене. Ти благодарам ‘Маракано’ за тоа што ме пушти да бидам дел од твојата приказна. Ти благодарам и тебе Флу, што ми дозволи да те запознам, да ја запознам твојата великодушност и твојата приказна. Ќе дадам сè од себе да испишам победничко поглавје во историјата на клубот. Почувствував огромна енергија во моментот кога згазнав на тревата. Ви благодарам од сè срце. Сакам заедно да тргнеме во поход кон титулата, која и мене ми е многу важна. Единствена која ми недостасува. На вас сметам до самиот крај. Колку и да биде тешко, ќе се бориме заедно“, изјави Роналдињо на својот профил на „Фејсбук“.
Харизматичниот 35-годишен офанзивен играч за врска кариерата ја почна во Гремио, а потоа настапуваше за: ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Куеретаро. Освои сè што може да се освои во фудбалот, освен шампионската титула на Бразил.

Најнови вести