Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2015

Бразил без Оскар во Купот на Америка

Карлос Дунга, селекторот на Бразил, го соопшти списокот на играчи за Купот на Америка во Чиле, меѓу кои го нема Оскар од Челзи.

Дунга изјави дека се откажал од 23-годишниот играч од средината на теренот откако тој се повреди на последниот тренинг на новиот шампион на Премиер лигата.
„Разговарав со Мурињо и клупските доктори, коишто ми објаснија дека за да закрепне е потребно време и дека нема да биде во најдобра форма за Купот на Америка“, изјави Дунга за медиумите.
На списокот се наоѓаат 23 играчи:
Голмани: Џеферсон (Ботафого), Диего Алвес (Валенсија), Марсело (Гремио).
Одбрана: Фабињо (Монако), Марсело (Реал Мадрид), Филипе Луис (Челзи), Данило (Порто), Давид Луиз (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Тијаго Силва (ПСЖ), Миранда (Атлетико Мадрид).
Средина на теренот: Луис Густаво (Волфсбург), Елијас (Коринтијанс), Фернандињо (Манчестер сити), Каземиро (Порто), Вилијан (Челзи), Филипе Кутињо (Ливерпул), Евертон Рибеиро (Ал-Ахли), Даглас Коста (Шахтар).
Напад: Нејмар (Барселона), Робињо (Сантос), Фирмино (Хофенхајм), Диего Тардели (Шандонг).
Бразил ќе игра во групата Ц заедно со Колумбија, Перу и Венецуела.
Купот на Америка ќе се одржи во Чиле од 11-ти јуни до четврти јули.

Најнови вести