Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2015

Навивачи на Фламенго го нападнале гостинскиот голман во соблекувалната

Навивачите на бразилскиот Фламенго упаднале во соблекувалната на фудбалскиот клуб Макае пред натпреварот на шампионатот на Рио де Жанеиро и го повредиле голманот на гостинот.

И покрај овој инцидент, натпреварот е одигран и на крајот заврши со реми 1-1.
„Навивачите упаднаа во соблекувалната и го нападнаа голманот на Макае. Притоа ја украдоа и торбата со опремата“, изјави Марсело Вијана, директорот на Фудбалската федерација на Рио де Жанеиро.
Тој додаде дека во тој инцидент бил повреден голманот Рикардо Берна, кој се здобил со исеченици, но можел да помине и многу полошо. Берна го одиграл натпреварот со фластер на брадата, а по средбата изјави дека бразилскиот фудбал е срамота.
„Ова не смее да помине неказнето“, изјави Берна.

Најнови вести