Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2011

Амаури цел на Марсеј

Италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло и член на Јувентус, Амаури, би можел кариерата да ја продолжи во Марсеј.

Џанпјеро Почера, агнетот на играчот, изјави дека француската екипа е сериозно заинтересирана за неговиот клиент. Францускиот гигант сака да го засили својот напад, а во прв план беше фудбалерот на Фиорентина, Алберто Џилардино, но сега вниманието е насочено кој триесет и едногодишниот играч на „старата дама“.

„Марсеј е еден од многуте екипи кои се заинтересирани за него. Тие се распрашуваа за Амаури и би можеле да очекуваме и конкретна понуда“ – рече Почета.

Амаури има договор со Јувентус до 2012 година, а се очекува ова лето да ја смени средината, а за него интерес покажаа уште Парма, Фламенго и Палермо.

Најнови вести